Македонија
9. May 2017 - 20:46

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не знае што се европски вредности

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и раководнството на партијата предводено од Зоран Заев не можат да работат по европски вредности и дека тоа никогаш не го правеле.

Единствените вредности по кои работеле Зоран Заев и СДСМ, велат во ВМРО-ДПМНЕ се вредностите на мафијата и подземјето и додаваат дека нема да и избегаат на правдата и одговорност за сторените криминали.

- Барањето поткуп од едно евро не е европска вредност, криминалното богатење со 8 милиони евра, во случајот „Глобал“ не е европска вредност. Фотографирање и соработка со наркомафија не е европска вредност. Напади врз сопствената полиција, институции и држава не се европски вредности, велат од партијата од каде и додаваат дека европска вредност не е ниту прифаќањето туѓи платформи