ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ ја погази правната држава
СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија. Вчерашните апсења, не се производ на правото, туку на деспотизмот на Заев и картелот околу него.
Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апсењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото.
Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања.
Секој еден кој ја злоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата.
Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на општеството ќе биде поразен од граѓаните.
Деспотот Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните најпрвин на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино