ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев да ги извадат розевите очила, државниот долг над четири милијарди евра
СДСМ и Заев ја зацрнија судбината на граѓаните.
Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата во Република Македонија пред целосен колапс.
Додека Република Македонија економски тоне и граѓаните се повеќе се соочуваат со немаштија, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со лажни соопштенија.
Економијата стагнира, цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад.
За прв пат државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.
Со СДСМ на власт, трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% .
Ова покажува дека СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат кај криминалниот картел на власт.
СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Криминалот, корупцијата, насилството, сиромаштијата и бедата се вистинската слика која што ја донесе СДСМ и Зоран Заев.
Токму затоа време е СДСМ и Заев да ги извадат розевите очила и да ја видат правата слика. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат достоинство, повисок стандард и просперитетна иднина, а не црнила.
Граѓаните заслужуваат подобро, а тоа е можно само доколку СДСМ и Заев заминат час поскоро.
Ново на Сител
-
Израелскиот министер Бен-Гвир повика на трајна окупација на Појасот Газа
-
Вучиќ: Протестот помина во демократска атмосфера, блокадите беа насилнички, ќе одам да разговарам со народот
-
Ангелов: Седум активни пожари, пет ставени под контрола, 31 изгаснати
-
Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса
-
Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Бразил
-
Петто олимписко злато во низа за американските кошаркари
-
Претежно сончево и многу топло време, од среда портокалова фаза на повеќе места
-
Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко