ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и наштетува на државата со лаги за еврообврзницата
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Кире Наумов наведува дека опозициската партија направила „уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава“.
- СДСМ се обиде да упадне во финансискиот систем со намера да спречи инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ годинава веќе им нанеле штети од милиони евра на македонските граѓани преку ширење лаги за наводна девалвација на денарот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно, стои во реакцијата, без никаква причина, со ширење на лаги се обидува да и нанесе штета на Република Македонија и преку пласирање на дезинформации за еврообврзницата.
- Република Македонија е посилна и ќе ја надмине и оваа нова деструктивна епизода на Зоран Заев. Тој и неговите послушници ќе ја добијат сметката од граѓаните на наредните избори за ваквото финансиско насилство врз државата, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование