ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ глуми борба за демократија
ВМРО-ДПМНЕ денеска во пишано соопштение наведува дека начинот на работа на функционерите на СДСМ е богатење преку глумење борба за демократија и оти поради тоа оваа партија ги изгубила изборите.
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ, и донирал 60.000 денари што било тројно помалку од парите кои на партијата и ги дале Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски.
- Шилегов, за разлика од Туфекџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе, па така за две години според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години, се вели во соопштението.
Јавноста, се додава во соопштението, има право да знае дали Шилегов по, како што истакнува, добро разработен план сам на себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа Шилегов? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
- Според сите индиции, Шилегов е новата Радмила Шекеринска која е позната по тоа што си изнајмува сама на себе станови за 5.000 евра. Тоа е начинот на работа на СДСМ. Тоа е и политиката на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Врескај и демолирај глумејќи борба за демократија, а зад камерите полни ги џебовите и сметките. Лидерот Заев отиде и чекор понапред, па цела јавност и на снимка можеше да види како бара по едно евро од квадрат за Вицето, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов