ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника која се зголемува како што наближува 12 април
СДСМ е во паника која се зголемува како што наближува 12-ти април. Зоран Заев гледа дека граѓаните ги отфрлаат неговите деструктивни и криминални политики. Зоран Заев знае дека го очекува огромен пораз и затоа се обидува преку уште една политичка злоупотреба на институциите да ја намали разликата. Не е прв пат Зоран Заев да дава наредби кон обвинителството и судот за политички прогон.
Русковска обвинителството и Кацарска судството може да измислат уште десетици процеси како 27-ми април или уште стотина пати да го амнестираат Заев за криминал, но тоа нема да ја спречи обновата на Македонија и правдата која доаѓа.
Наместо СДСМ да обвинува за се и сешто нека одговори на граѓаните на неколку прашања кои се актуелни деновиве околу аферите за рекет.
До кога мисли власта да молчи за аферата „Рекет“?
Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра?
Зошто Заев до излегувањето на материјалите за „Рекет“ во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор?
Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?
Кога Јавното обвинителство ќе собере сила и храброст и ќе ја истражи аферата околу „Рекет 1“. „Рекет 2“, „Рекет 3“?
Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од Обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок.
Јавна тајна е дека главен лик во овие афери е власта.
По 12-ти април ќе дојде обнова на Македонија, а заедно со обновата ќе дојде и правдата.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија