ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да се пресметува со медиумите
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата на СДСМ почнала да се пресметува со медиумите кои лидерот на партијата Зоран Заев ги прогласи за најголеми непријатели.
- Тиранијата и притисокот врз медиумите е еден од првите чекори на антиреформската влада на Зоран Заев. Заев и СДС со притисокот кон медуимите сакаат да ги понижат и да ги натераат да станат нивни вазали, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Медиумите кои искажале некаква критика кон Заев, СДС и нивните експоненти во минатото сега, според ВМРО-ДПМНЕ, се приморани јавно да им се извинуваат.
- Ова е јасен почеток на еден недемократски режим и диктатура врз сите неистомисленици на Заев и СДС. СДС со својот тирански однос и притисоци ги прави медиумите да наликуваат на оние во Северна Кореја, велат од партијата.
Ова, како што посочуваат, не е слобода, туку тиранија врз медиумите.
- Заев ветуваше дека ќе поттикнува критички медиуми, но на првиот ден од неговиот избор докажа дека едно зборува, а друго прави. Очигледно е дека Заев решил овие медиуми да ги понижи и да ги фрли на колена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика медиумите да не потклекнуваат на притисоците и да продолжат професионално и чесно да си ја вршат својата работа.
Ново на Сител
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте