Македонија
13. October 2016 - 15:51

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за детски градинки е долгорочен, има средства за реализација

Средства за реализација на проектот за отворање на детски градинки има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

- Граѓаните знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети, истото се реализира. Граѓаните знаат дека за разлика од деструктивната политика на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ настапува со конкретни проекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација, се наведува во писмената реакција од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Буџетот за 2017 година важи заклучно со 31 декември следната година, а оти проектот за отворање на детски градинки е долгорочен којшто подразбира долгорочно буџетирање. 

- Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 52 градинки, а опфатот на деца во градинките е зголемен од 9 проценти во 2006 година, на 26 проценти во 2016 година, се истакнува во реакцијата.