Македонија
21. February 2021 - 16:47

ВМРО ДПМНЕ продолжува со собирањето потписи против пописот, најавуваат и ново мнозинство

Крајот на иницијативата за собирање на потписи за поништување на законот за попис може да значи и официјален старт на соработката на новото мнозинство во Собранието. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за 20 дена можно е Владата да остане без поддршка во законодавниот дом.

Николовски вели дека партијата е задоволна од масовниот одѕив на граѓаните и дека се надева дека тоа ќе биде доволен аргумент за пратениците да го одложат пописот.

За премиерот тоа не е опција. Апелира опозицијата да ги повика граѓаните на масовно попишување

И додека опозицијата собира потписи, процедурите за организација на пописот веќе се во тек. Утре ќе биде распишан оглас за попишувачи а веќе во 1 март, војниците, затворениците и уште неколку граѓани ќе бидат попишани. На истиот ден стартува и процедурата на самопопишување на граѓаните кои се иселени во странство. За останатите граѓани, пописот ќе почне на 1 април.