ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето
Нема крај на расипништвото на власта.
Криминалниот картел на власта го покажа своето вистинско лице, нема повеќе лажна скромност. Власта за своите лични удобства, за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра пари на граѓаните. Одродената и криминална власт на аболицираниот Заев ќе потроши 3,7 милиони евра за нови возила и 3,3 милиони евра за нов мебел, додека за наводниот „стратешки приорите“, борбата со загадувањето ќе потроши само 1,5 милиони евра.
Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните?
Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот.
Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3 илјади лица годишно се директна жртва на загадувањето.
Токму поради оваа причината ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето!
Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.
МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.
Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.
Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат!
Ново на Сител
-
Уапсен платен убиец во Белград
-
Пронајдени мигранти во гевгелиско, приведени две лица
-
Полициска акција во угостителски објект во Охрид
-
Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле
-
Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
-
Детали за тешката сообраќајка кај Катланово во која три лица загинаа
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите