ВМРО-ДПМНЕ: Повикот на Спасовски е директно мешање во работата на судот
Срамно и скандалозно е кога генерален секретар на политичка партија кој во моментов извршува функција на технички министер во МВР јавно му се заканува и го напаѓа Уставниот суд на Република Македонија, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјавата на Оливер Спасовски.
- Повикот на технички назначениот министер Оливер Спасовски не е ништо друго освен потценување и девалвирање на судовите и директно мешање во нивната работа. Ваков однос и вакви предупредувања и повици упатени од член на извршната кон судската власт се мешање во работата на судот без преседан. Го осудуваме секој обид на Оливер Спасовски од позиција на генерален секретар на СДСМ или од позиција на технички министер насилно и со закани да влијае врз работата на Уставниот суд наметнувајќи му одлуки по негов вкус. Факт е дека неговата партија за 10 минути без дискусии и без аргументи разреши и именуваше 617 судии и уште стотина обвинители, но ваквиот срам за Македонија и ваквото однесување на СДСМ не смее да се повтори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Уапсен 25 годишник од Албанија, украл пари и телефон во верски објект
-
Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со сркшеници
-
Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година
-
Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина
-
Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти - да не завршиме како Европа
-
Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост