ВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час не е решение, народот чека вакцина
Заев и Филипче имаат систематски грешки. Полицискиот час не е решение, народот чека вакцина.
Власта ја промаши стратегијата во борбата против КОВИД 19 уште од сам почеток. Мерките беа задоцнети и не ефикасни. Кога ВМРО-ДПМНЕ предлагаше масовно тестирање и ограничување на пандемијата Заев и Филипче бркаа тендери. Кога цел свет набавува вакцини, Заев и Филипче пак бркаат тендери, а вакцини нема.
Да беше ажурна власта, сега ќе бевме во напредна фаза на вакцинација, и немаше да има потреба од рестрикции.
Ограничувања на движењето од 22 часот до 05 часот со полициски час нема ефект. Дотолку не заради сулудите политики на Заев.
Во исто време имаме полициски час и попис. Преку ден луѓе ќе се групираат и ќе шират зараза.
Заев нема план ниту за пописот, ниту за борбата против КОВИД 19. Се е купи ден продај политика. Со секој поминат ден со Заев на власт, Македонија тоне.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп