Македонија
20. February 2021 - 17:14

ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање на потписи против пописот, СДСМ ги обвинува дека работат против државата и народот

Со собирање на потписи на повеќе од 300 пунктови низ Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја почнува иницијативата за поништување на Законот за попис. Целта е сите собрани потписи да бидат поддршка за пратениците на опозицијата при поднсувањето на законоското решение во Собранието. Лидерот Мицкоски кој денеска беше во Свети Николе откако утрово се потпишал во својата населба, вели дека е задоволен од одѕивот на граѓаните.

Во СДСМ и натаму стојат на ставот дека пописот стартува на 1 април. Инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја оценија како антинародна

Законското решение за пописот беше едно од многуте кои актуелното мнозинство ги донесе во скратена постапка туркајќи ја процедурата за европското знаменце во Собранието. Тоа предвидува пописот да почне на 1 април, да се спроведува преку комбиниран модел и со него да се попишува резидентното и нерезидентното население.