ВМРО-ДПМНЕ: Патриотски чин не се 30-тина смртни случаи на ден и илјадници заболени
Кога СДСМ зборува за патриотизам не знае човек дали да се смее и да плаче. Патриотизмот кој Каевски го спомнува треба да значи обезбедување на иднина на македонските граѓани, 30-тина смртни случаи на ден и илјадници новозаболени не се патриотски чин.
Пописот е политичка операција на СДСМ и ДУИ која нема да креира политики кои ќе бидат од интерес на граѓаните, туку е исполнување на политичкиот договор на штета на иднината на државата.
Апостол Симовски призна дека има заболени инструктори за попишување, бројот на новозаболени е во слободен раст секојдневно граѓаните се борат за здив, а СДСМ се заканува со казни и ќе влегува во домовите, како да пандемијата и економијата не се доволно дно за македонските граѓани и се што преживуваат до сега во земјава.
Од каде знае власта дека процесот на попишување нема да резултира со влошување на пандемиската слика и забрзан раст на заболени од вирусот, и дополнително зголемување на бројот на хоспитализирани граѓани во болниците каде капацитети се веќе искористени.
Заевистан остана последен во регионот и пола Европа, сите сериозни земји не сакат да го доведат здравјето на своите граѓани во прашање па го одложија пописот, само кај нас се форсира и неразумно не се одложува операцијата која власта не е способна да ја спроведе.
Попишувањата на дијаспората по сендвичари на странски земји и списоци на лица кои кружат, а не се овластени од ДЗС за спроведување на пописот е доказ дека оваа операција која власта ја турка со сила е осудена на пропаст.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам