Македонија
21. July 2022 - 8:45

ВМРО-ДПМНЕ: Палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески е обид за заплашување на пратениците

Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, ВМРО-ДПМНЕ не се плаши и нема да им помине.

Случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп е класичен обид за заплашување на пратениците.

СДСМ владее со криминални методи, кои одамна се прочитани. Никој повеќе не им се плаши, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат Уставни измени без разлика колку и СДСМ и нивните бандити да притискаат.

МВР наместо да се занимава со казнување на народот кој протестираше против нивните предавства, нека ги пронајде и санкционира организаторите на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески. Или не смеат да го пронајдат?

Власта треба да знае дека предавствата нема да им поминат. ВМРО-ДПМНЕ е гарант за македонските национални интереси.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ