ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски
ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба.
За само 103 дена Борче Георгиевски од СДСМ како градоначалник на Гази Баба потрошил 11 милиони денари за поставување на нови линии за осветлување, и истовремено додека уште не завршил овој период доделил уште еден тендер од 1.7 милион евра за замена за актуелните светилки со лед, при што исплатил 20% аванс.
Георгиевски потрошил 2 милиони евра пари на граѓаните на Гази Баба за нецела година за осветлување. Ја повикуваме општината и градоначалникот Бобан Стефковски да ги ревидира постапките, а институциите да отворат постапка - Дали фактичката состојба на терен соодветствува со таа во надзорот, општината и пријавената од фирмата изведувач. Дали се работи за реални потреби и работи или било потребно само да се исплатат аванси пред избори?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник