ВМРО-ДПМНЕ: Одбивањето да се собираат потписи на Собранието го покажува стравот од соочување со народот
Заев го потона пописот во политика, одбивањето да се собираат потписи на Собранието го покажува стравот од соочување со народот
Заев го потона пописот во политика, одбивањето да се собираат потписи на Собранието го покажува стравот од соочување со народот.
Разоткриен е фалсификатот на Заев.
Власта и Заев ја отфрлија иницијативата за одложување на пописот поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Власта сака по секоја цена да спроведе фалсификат.
Заев знае дека турка попис, кој не го прифаќаат граѓаните.
Власта е збунета и тоа се гледа по настапите на првите лица на Државниот завод за статистика.
На само два месеци пред таканаречениот попис на Заев во власта уште има полемики што ќе се попишува и како, но и кои информации ќе се бараат и кој ќе може да ги даде.
Само Заев може да организира попис, кој уште од сега ја подели државата. Наместо со консензус донесен закон, Заев одбра да исполнува коалициони договори, наместо статистичка операција, Заев ќе прави политички пазар.
Да не беше жално ќе беше смешно. Кога сите држави во регионот и светот ги откажаа пописите за 2022 година, Заев упорно турка попис сега, во ек на пандемија.
Доколку власта навистина сакаше попис, ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, кој ќе гарантира реални бројки и факти.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите механизми да спречи насилен попис, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне иницијатива за собирање на граѓански потписи и потписи на пратеници за стопирање на очигледниот фалсификат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
-
Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска
-
Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје