ВМРО-ДПМНЕ: Од најавени 850 милиони евра за економија, исплатени се само 350 милиони евра
Од најавени 850 милиони евра за економија, исплатени се само 350 милиони евра, вака е и со ребалансот, никој не знае каде одат парите.
Со овој ребаланс на буџетот СДСМ создава дефицит поголем за 200 милиони евра. Тоа значи дека Заев ќе ги задолжи сите граѓани за нови 200 милиони евра,а притоа никој не знае што ќе се прави со тие пари. Ниту нешто се гради, ниту нешто се остава на идните генерации, остануваат само долговите кои треба да ги враќаат.
Заев крати од делот на инвестиции во образованието и од делот за екологија.
Заколнатите зелени СДСМ и ДУИ се зелени само на хартија и по нивите со марихуана, се друго е црно, исто како и економијата која си нив тоне.
Потребен е одговорен пристап. Потребна е транспарентност и стратегија, тоа е нешто кое со СДСМ го нема.
Потребни се промени. Време е за Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот