ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме сите политички чинители да го прифатат Манифестот
ВМРО-ДПМНЕ очекува СДСМ и сите останати политички чинители да го прифатат Манифестот за единствена Република Македонија како подадена рака за градење на просперитетна и силна држава.
- Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и заштитник на сите нејзини граѓани.
Само обединети ќе придонесеме Република Македонија да ја изгради својата иднина за доброто на сите нејзини граѓани, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите.
Оттаму порачуваат дека граѓаните бараат отфрлање на туѓи платформи и обединување околу прашања кои се од заеднички интерес.
- ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за единствена Република Македонија втемелен на четири принципи, повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители. Обединување околу националниот интерес, како и зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните на останатите етнички групи во земјата и надвор, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прецизираат дека дел од принципите во Манифестот се и интеграција во ЕУ и НАТО, како наши стратешки приоритети и цели, признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло.
- Манифестот предвидува гаранции македонскиот народ да не може да биде надгласан за својот идентитет и верска толеранција. Како и секоја модерна демократија, Манифестот предвидува целосно владеење на правото и почитување на Уставот и законите на целата територија на Република Македонија. Спроведување на попис на населението, што е неопходен предуслов за остварување на општ развој на општеството, и национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи и ново отворени работни места за нашите граѓани, сепотенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија