Македонија
5. October 2019 - 19:32

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреби во Националната агенција за европски образовни програми

Зошто Националната агенција за европски образовни програми ги менува сумите од 50 на 100.000 ЕВРА, а не отпочнува нова постапка преку системот за јавни набавки?

Зошто во огласот објавен само на страната на Националната агенција не се бара ниту банкарска гаранција, кога за помала сума се барало ваков тип на осигурување?

Кои лица се вклучени во изборот на оваа компанија и дали критериумите за оценување на пристигнатите апликации на огласот објавен на Националната агенција се во согласност со Законот за Јавни набавки на Р. Македонија?

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја става во ризик целосната Европска перспектива на Република Македонија со вакви сомнителни набавки каде се директно инволвирани пари на Европската Унија.