Македонија
2. May 2019 - 14:40

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нови партиски вработувања во здравството

Лицемерието во СДСМ нема крај. Нивните функционери немаат ниту срам ниту перде. Заев ја лажеше целата јавност дека ќе се спротивстави на непотизмот кој што ги зафати изминатите месеци.

Непотизмот не само што не прекина, туку и продолжи да се шири.

Најновите информации кои стигнаа до нас говорат дека и во здравството има вработувања по принципот на Мира Дизел вработувања.

Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, својата ќерка Марија Кузмановска пред извесно време ја вработила на Гинекологија во Скопје и тоа со дискреционо право на директори и министри.

Интригантно е што ќерката на Кузмановска е општ доктор и е вработена во ГАК, а на Гинекологија сите знаат дека и се потребни специјалисти гинеколози кои недостасуваат.

Замислете општ лекар од Струмица се вработува на Гинекологија во Скопје каде што се потребни специјалисти гинеколози.

Воопшто не им е важно ниту здравството, ниту пак сузбивањето на непотизмот. Важно им е само да ги вработат своите роднини и да си поделат тендери во здравството, додека пак секој ден ни се иселуваат млади лекари.

Ја повикуваме антикорупциската комисија да го испита и овој случај на непотизам. Додека пак Катерина Кузмановска има морална одговорност веднаш да и се извини на јавноста и да си даде оставка.,

Не само што не прекинаа со вработување на нивните најблиски СДСМ, туку и продолжија нови да вработуваат, лажејќи го народот во очи, само да ги гласа на изборите.

Епа почитувани, господа од СДСМ Ви дојде крајот.

Во недела волјата на граѓаните ќе биде јасно изразена и ќе ве поразат граѓаните исто како што ве поразија и во првиот круг од претседателските избори.

Ве повикувам сите граѓани во недела масовно да го дадете својот глас против непотизмот, против оваа ненародна и криминална власт и против Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ.

Иден претседател на Република Македонија е професорката Сиљановска која што се бори за право и правдана наспроти СДСМ кои што се борат единствено за личен интерес, за вработувања на своите најблиски и за криминалните тендери.

Прашање: После празниците, работната група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Министерство за правда во однос на Законот за јавно обвинителство, во поглед на делот каде што се определува дека државниот обвинител Љубомир Јовевски ќе одлучува кои предмети кај кои јавни обвинители ќе бидат распределени?

Одговор: Ние ја цениме размената на мислења помеѓу правниот тим односно правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и владата односно министерството за правда. Мораме да истакнеме дека се уште нема компромис помеѓу двата преговарачки тима и дека се уште се работи на анализи и додатни преговори. Очигледно е дека волја постои кај двата тима да се изнајде решение коешто би било заклучно со европските теркови и во дискрециони рамки се преговара, разговара и се работи. Меѓутоа како што кажав му даваме шанса на процесот да се одвива и понатаму, така да во наредниот период ќе имаме нови информации коишто ќе можеме да ви ги доставиме вам на медиумите.

Прашање: Значи се уште немате доставено конкретни одговори?

Одгoвор: Во моментов се работи на анализи, се работи на како што реков доработка на одредени ставови и насоки коишто ги имаме како ВМРО-ДПМНЕ така да го наредните неколку дена ќе имате некои информации за овој процес.