ВМРО-ДПМНЕ: Образованието пред колапс
Почитувани,
Погрешните политики на власта на СДС и ДУИ овие седум години резултираа со уништено образование. Бомбастично најавените реформи завршија неуспешно.
Да потсетиме на Националната платформа која никогаш не се стави во функција, одложениот старт на учебните години, промената на наставните содржини со интеграција на предмети па се до т.н. дигитализација која значеше укинување на учебниците како основно средство за едукација.
На ден пред официјалниот старт на училишната година образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата беше во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците најзасегнатите, а и Синдикатот за образование, наука и култура алармираа на бројни недостатоци, надлежните бараа трпение.
Власта на Ковачевски и Ахмети правеше бројни експерименти, а почетокот на секоја учебна година беше проследен со скандали.
Да потсетиме, учениците кои немаа услови да ја следат онлајн наставата беа насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали и учење од скрипти.
Новите т.н. реформи за воведување дигитални учебници останаа без дигитални учебници, а учениците и без хартиени учебници, што предизвика дискриминација меѓу најмладите.
Само оваа година од 123 учебници за основно образование недостасуваа една третина затоа што надлежните фаворизираа и се фокусираа на изборот на фирма за печатење, а не на квалитетот на учебниците и времетраењето потребно за нивна подготовка и печатење.
Да потсетиме на Албанија на исток, Бугарија на запад, збир на агли во триаголник од 190 и 200 степени и слично.
Надлежните се правдаа дека немале автори, немале рецезенти и средства за печатење на учебниците. Потоа немаа средства ниту за печатење на свидетелства кои учебниците не ги добиваа навреме и се запишуваа во средно училиште со пусулчиња потпишани од директорот.
Македонија во сите овие години остана на дното според резултатите од ПИСА тестирањето и од година во година добиваме се полоши пократастрофални резултати. Ова секако е резултат на работата, односно неработата на неспособните кадри кои беа на чело на институциите и ова е резултат од непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите седум години.
Воопшто не се водеше грижа за континуитет во образовните политики, ниту се водеше грижа за остварливоста на тие политики.
Со секој ребаланс на буџетот се кратеа пари за образованието што претставува јасен показател за тоа дека образованието не беше приоритет на оваа влада.
Дополнително ги манипулираа и наставниците, односно наставниот кадар со зголемување на платите и дадоа ветувања кои на крај не ги исполнија во целост.
На пример, потпишување на колективниот договор во месец мај оваа година.
Почитувани,
Во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме.
Важно е да се стави приоритет на образованието затоа што какво образование имаме таква државава ќе имаме.
Весна Јаневски, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина