Македонија
14. November 2022 - 16:35

ВМРО-ДПМНЕ објави: Двајца директори во МНАВ имаат вкупна плата од 10.000 евра месечно

Над 10.000 евра месечно не чинат двете плати на двајцата директори во Македонска навигација, објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ во аферата Паразити. 

Македонска навигација веќе е во центарот на скандалот поврзан со обид да се намести изборот на новите контролори на летање откако веќе селектираните 8 кандидати не му се допаднаа на раководството. Под притисок на јавноста

МНАВ се повлече и на обука ги испрати оние кои победија на конкурсот. Премиерот најави истрага која може да резултира и со смена на директорите.

Неодамна во слична ситуација, од функцијата се повлече директорката на Детската клиника откако во јавност беше објавено дека имала месечна плата од околу 300.000 денари