ВМРО-ДПМНЕ: Новиот договор значи заеднички патриотизам
Новиот договор значи заеднички патриотизам, намалување на даноците и борба против корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ промовира нов договор во општеството, отворање кон сите. Време е да престанат поделбите и стигматизациите.
Новиот договор е новиот заеднички патриотизам, на сите Албанци, Турци, Срби, Роми и сите кои живеат во земјава, а се дел од Македонската нација. Новиот патриотизам е да се работи и инвестира подеднакво во Сарај и во Сопиште, во Прилеп и во Дебар.
Новиот договор се и пониски даноци. 8% данок на добивка и персонален данок на доход. 0% данок за младите. До 6% раст на економијата по нејзиното стабилизирање.
Новиот договор, и заедничкиот патриотизам се и борбата против корупцијата која го урнисува општеството. Никогаш повеќе граѓаните да не треба да плаќаат за работи кои природно им следуваат, а не можат да ги добијат затоа што некој им бара мито.
Заедничкиот патриотизам е нашата цел, за Македонија која мора да успее!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО