ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден градоначалник на СДС не направи отчет затоа што немаат ништо сработено за граѓаните
Ја разбираме фрустрацијата и опседнатоста на СДС кои реагираат на секаков добар проект направен од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат за народот, Владата на СДС го казнува народот со тоа што ги блокира обврзниците на Општините и го кочи развојот на локалната самоуправа.
Фрустрацијата е и поради тоа сто градоначалниците на СДС немаат ништо сработено, впрочем затоа немаат реализирано ниту еден отчет за нивната досегашна работа.
За отчет требаат проекти.
Токму затоа буџетите во Општините на СДС се прават во кафеани и на хотелски состаноци каде се договараат провизии, а буџетите на Општините каде одговорноста да управува ја има ВМРО-ДПМНЕ се прават директно со народот за потребите на народот.
За работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ говорат нови булевари, улици, надвозници, кои се само дел од проектите кои опфаќаат најмногу средства, дури 36 милиони евра.
Во водоводната и канализациона мрежа се инвестираат 20 милиони евра. А, се градат и нови градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување. Силно се поддржува спортот, културата и ранливите категории на граѓани.
Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните во општините каде одговорноста ја имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал
-
ЈП „Комунална хигиена“: Отстранети диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир