Македонија
14. February 2021 - 9:12

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не е министер за спречување на криминал и корупција, туку министер за заштита на криминалот

Нaместо Љупчо Николовски да е министер за спречување на криминалот и корупцијата во Македонија, тој е министер за заштита на криминалот и корупцијата на Зоран Заев.

Што треба да се случи, уште колку ли извештаи треба Македонија да добие за Николовски да си поднесе оставка? Помина пола година, а Николовски не мрдна со прст за расчистување на ниту еден случај.

Македонија е рекордер во Европа по криминал и корупција.

Наместо справување со криминалот, Николовски се посвети на вработување на цела негова фамилија во државни институции

Секојдневните ПР настани на Николовски не спречија Македонија да биде на 111 место на извештајот на „Транспаренси Интернешнл“, ниту пак спречија реномираниот Економист, Македонија да ја рангира како хибриден режим.

Афера „Рекет 1“, афера „Рекет 2“, афера „Леонардо“, афера за злоупотреба на европски пари за тренинг на магариња, афера Ден Дончев и уште десетици други афери се потврда за Извештаите на „Транспаренси“ и „Економист“, кој Николовски не сака да ги види.

Наместо суштинска борба против корупцијата и криминалот, граѓаните се сведоци на замачкување на очи. Ниту еден функционер од оваа најкриминална власт не е предмет на истрага.

Не е до перцепцијата на граѓаните, туку до криминалците од оваа власт кој ја разграбија Македонија. Додека скоро пола милион граѓани дневно живеат со 100 денари, криминалците од оваа власт секојдневно се богатат на грбот на граѓаните.

На Заев и Николовски не им се потребни 5 или 6 години за справување со криминалот во Македонија, туку ќе им бидат потребни само 5 или 6 дена доколку почнат од самите себе, бидејќи тие се најголемите криминалци во Македонија.

Љупчо Николовски е министер во чиј мандат се случи историски раст на корупцијата, затоа треба веднаш да си поднесе оставка.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ