ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за Македонците и за Македонија, додека СДС го дели и пљачка народот
СДС треба да ги препрочитува своите реакции и соопштенија, да се сконцентрира и да подготви подобри и поаргументирани реакции иако во една ваква очајна ситуација во која се наоѓа државата тешко да најдат.
Инаку вака звучат како виц од К15 во кој се обидуваат да се докажуваат кој е Американец, кој е Русин, а кој Кинез. Кој е со Германците, кој е со Шпанците, кој е со Јапонците. Да не е ова вака сериозна работа во која се случува страшна пљачка на очиглед на јавноста, можеше и да се посмееме заедно.
Еве да им ги скратиме маките ке им кажеме ние сме за Македонците и за Македонија и за сите други граѓани кои живеат тука.
Тие додека се обидуваат да се пронајдат себе си некаде меѓу Пацификот и Атлантикот забораваат дека се 6-та година власт во држава која е во слободен пад, со народ кој не може веќе да ги гледа нивните глупости и криминалии и недостаток на визија, работа и проекти. Но, ќе видат на следните избори, што ќе ги снајде, дури тогаш ке сфатат дека живеат во меур од сопствени глупости и теми кои се теми само во нивните глави.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски