ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква одговорност за пожарите, власта да се извини
Веќе неколку недели беснеат пожари низ државата, а Зоран Заев не собра храброст да и се извини на македонската јавност за неговата неспособност да се справи со пожарите.
Изгореа илјадници хектари шума, имоти и домови на граѓаните, а нема никаква одговорност ниту од Зоран Заев, ниту од еден член на оваа неспособна власт.
Додека Македонија е во кризна состојба премиерот, министрите и градоначалниците уживаат во нивните одмори, а со пожарите се справуваат волонтери од странство и граѓаните спасувајќи жива глава и спасувајќи си ги своите домови.
Со голи раце граѓаните сами ги гаснеа пожарите, додека Зоран Заев дојде да се слика и повторно замина на одмор. Неспособност и дезертерство.
И покрај прогласувањето на кризна состојба се уште не е формирано функционална кризно тело со професионалци, наместо со мафтачи со гранки како директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Се уште не е превземена никаква одговорност што повеќе од две години не се сервисирани авионите за гасење на пожари.
Веќе никој не бара одговори од власта за нивната неспособност да се справат со оваа кризна состојба со пожарите низ државата. Барем нека се извинат заради нивното дезертерство, ненавремена реакција и неспособност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот