ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме двојазичност и продолжување на мандатот на СЈО
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска повтори и, како што се наведува во соопштението, потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
- Во врска со соопштението на партијата ДУИ, мултиетничката коалиција „За подобра Македонија“ составена од 25 партии и предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО. Причините досега се образложени повеќе пати во јавноста, а се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на Уставниот поредок, нашите политички заложби изнесени во предизборниот период, Охридскиот рамковен договор, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кои оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува. Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. Според партијата, СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога кој било ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира и е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава.
- СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Не дозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“