Македонија
4. December 2021 - 16:44

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за предвремени избори

И покрај тоа што речиси е извесно е дека СДСМ и ДУИ со Алтернатива ќе успеат да обезбедат ново владејачко мнозинство во парламентот за ВМРО-ДПМНЕ брзи предвремемни избори се единствената опција за надминување на политичката криза.

Лидерот на опозициската партија Мицкоски вели дека изминативе денови бил информиран од Гаши, кој до скоро беше во неговиот табор, за процесот на преговори со премиерот Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да ги коментира гласините дека Заев и покрај најавите нема да замине од премиерската функција бидејќи рече дека тој бил уценет политичар од ДУИ.

Кои ќе бидат следните чекори на партијата, Мицкоски вели дека ќе биде дефинирано на партискиот Конгрес на 12 декември. По Конгресот најавува и промени во структирите на највискоите партиски тела.

Мицкоски кој се очекува да биде резибран за претседателската функција, денеска повторно ги повика сите заинтересирани сепак да се пријават до Конгресот доколку сметаат дека можат да ја водат партијата.