Македонија
18. January 2021 - 9:23

ВМРО-ДПМНЕ: НАТО го одби кандидатот на власта за воен претставник во оваа организација, тоа е срам за државата

Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2 и пол години нема воен претставник во седиштето на НАТО, затоа што НАТО го одби кандидатот кој што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен.

Самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО филтрите говори дека власта го руши угледот на државата.

Ова отвора и ново прашање, дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја која не е стратешки партнер на Македонија?

Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица која им ја удри .

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ