ВМРО-ДПМНЕ: Народот не дозволува да биде измамен
Народот не прифаќа ниту тиранска платформа, ниту тиранска влада и не дозволува да биде измамен и криминалци да му ја раскрчмуваат државата. Затоа Заев и врхушката на СДСМ се во паника, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.
- Не можат да ги испорачаат ветувањата со кои се уценети и знаат дека ќе мора кривично да одговараат и да одлежат подолги затворски казни. Сите ќе одговараат бидејќи народот бара правда и нема намера да се согласи со продажбата на највисоките државни и национални интереси. Народот победи и не се согласува со постизборна измама, криминалци да ја изиграат неговата волја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ изгуби на изборите и покрај тоа што Заев, како што се посочува, со срамни ветувања доби поддршка од Сорос и нарко-мафијашките структури од подземјето.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C