ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии
Денес, на пленарната седница на Собранието на Република Македонија парламентарното мнозинство ја изгласа потребата од измени и дополнување на Законот за работни односи во скратена постапка, со европско знаменце, а кои имаат единствена цел да го продолжат мандатот на судиите и јавните обвинители.
Се работи за измена која според нас е крајно проблематична и дискриминаторска.
Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.
За да се продолжи мандат на судии и јавни обвинители, истото треба да се уреди во Закон за судовите и Законот за јавното обвинителство. За промена и измени на овие закони потребно е двотретинско мнозинство. Останува големото прашање зошто министерот за правда Тупанчевски дозволува споменативе закони да бидат суспендирани и промени кои што се однесуваат на судската власт, овде во Собранието да се шверцуваат во закони кои не смеат да го регулираа тоа.
Во уставот, не случајно е утрврдено дека споменатите закони се носат со двотретинско мнозинство.
Судската власт мора да биде независна, а не слуга на власта. Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии со закон предложен од Владата, а потпишан од Артан Груби.
Интегрален текст од изјавата за медиуми на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот