Македонија
1. April 2020 - 16:34

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ не се помош за граѓаните и фирмите

СДСМ лицемерно и крајно безобразно сака да профитира од маката на граѓаните

Квази мерките на власта не се никаква помош за граѓаните и бизнисот. Фирмите кои не работат во време на пандемијата нема да можат да аплицираат за и така малите средства кои ги предвидува владата.

Цели сектори се надвор од опфатот на мерките, а со тоа илјадници семејства без приход.

Во услови кога државите од регионот даваат милијарди за помош на граѓаните, владата на СДСМ не дава ниту денар.

Македонија е доведена на раб на катастрофа. Власта мора да биде поодговорна. Злоупотреби на ситуацијата не смее да има.