ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО потпишал договор за набавка на авионски билети во износ од 125.000 евра
Во сето безредие и хаос со енергетската криза во која што СДСМ ја втурна Македонија, менаџментот на МЕПСО во август решил да патува и потпишал договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, за што сведочат документите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ.
Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.
Ова покажува само едно, дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата! Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин.
Луѓето бараат алтернативи, уплашени пред информациите за цената на струјата и пред мерките што ги опфаќа кризната состојба во енергетиката. Наголемо се купува огревно дрво, забележана е поголема побарувачка за плински уреди, а во МЕПСО купуваат авио билети!
Ова не може да помине неказнето. Одговорност мора да има!
Горан Николов, член на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип