Македонија
5. January 2020 - 10:06

ВМРО-ДПМНЕ: Машинеријата на СДСМ за продукција на лажните вести е пуштена на најјако

Машинеријата на СДСМ за продукција на лажните вести е пуштена на најјако.

Факт е дека откако СДСМ дојде на власт, во Македонија ниту се гради, ниту се реализира.

Здравството во Македонија е на дното.

Нема ни трага ни глас за клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов. Клинички центар кој благодарение на СДСМ, Заев и Филипче ќе чини најверојатно 3 пати повеќе од претходно планираното.

Заев и Филипче не направија ништо за подобрување на здравствената заштита на граѓаните и подобрување на здравствените услуги. Но, затоа добро се погрижија за своите приватни бизнис интереси и лично богатење со наместени криминални тендери со милионски суми.
Антиреформската влада ќе падне на 12-ти април затоа што испорачува само криминал и корупција. Обновата на Македонија стартува во април и ќе значи крај на лажните вести.