ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заслужува вистински невладин сектор
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите посочува дека деновиве повторно сме сведоци како соросовите невладини т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават како автентични и слободоумни претставници на цивилниот сектор, иако, како што велат, документите кои се појавуваат од нивната тајна комуникација потрдуваат дека не се ниту автентични, ниту слободоумни, туку се слуги на политичките интереси на СДСМ/Сорос.
- Нервозата кај соросовите невладини окупатори на граѓанскиот сектор станува се поголема. Како што на виделина излегуваат се повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ/Сорос го корумпира невладиниот сектор, така расте и паниката во нивните редови. Овие организации кои Сорос и нивниот политички партнер СДСМ ги активира на копче зависно потребите, не се претставници на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие организации, се додава, не го претставуваат вистинското граѓанство во Македонија. Тие го претставуваат само оној слој на граѓани кои одлучиле да сеат магла дека се невладини, а да седат во скутот на СДСМ, на неговите пратенички листи или во извршните органи на партијата.
- Тие не се заинтересирани ниту за граѓанските права и слободи, ниту за просперитетот на државата. Тие се заинтересирани само за тоа како преку манипулирање на јавноста да ги полнат своите џебови. Овие луѓе не се граѓански сектор и не се грижат за интересите на граѓаните, се посочува во соопштението.
Македонија, се нагласува, заслужува вистински невладин сектор кој ќе ги препознае и ќе се бори за потребите на граѓаните.
- Македонија нема потреба од платеници кои за туѓи политички интереси и агенди ќе вршат насилни кампањи против волјата на мнозинството. Затоа во Македонија е неопходен процесот на десоросоизација кој започна и од кој враќање нема, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени