ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио
Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозаболени и 14 нови починати, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица.
Оваа дека подготвени ќе го дочекаат вториот есенски бран, а гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси
целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично.
Сите им се виновни што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие. За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната
статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност.
Сето тоа покажува колку мафијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат епидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево