ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче и Заев е црн рекордер во регионот и пошироко по број на заразени и починати
Венко Филипче и Зоран Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните. Во последното деноноќие починаа 13 лица, а рекорни 1.275 лица се заразени. Македонија со Филипче и Заев е црн рекордер во регионот и пошироко по број на заразени, со 12.762 активни случаи и 1.084 починати од корона вирисот. Тие не се обична бројка која Филипче како статистичар ќе ја објави. Тоа се нечии родители, деца, браќа, сестри, роднини или пријатели.
Додека граѓаните умираат од корона вирусот, министрите се тестираат бесплатно и приоритетно и добиваат екстра терапии за кои обичните смртници може само да сонуваат. Во реалноста граѓаните со денови чекаат за тестирање, човек починал чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добивал инфузија во дворот на болницата, секој ден слушаме за апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега.
Филипче ќе остане запишан со црни букви во македонското здравство. Филипче покажува апсолутна неспособност да менаџира со кризата и невидена ароганција кон јавноста.
Веќе не е една или две, туку 1.084 причини за оставка на Филипче.
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР