ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе остане унитарна и мултиетничка држава
ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува СДСМ како најголем поттикнувач на, како што истакнува, „големоалбанските апетити“ во државава и регионот, порачувајќи дека Македонија ќе остане унитарна и мултиетничка држава.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, укажува ВМРО-ДПМНЕ, не ги осудил инцидентите против македонскиот идентитет и суверенитет.
- По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, вчера на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев упорно продолжува да ги брани антимакедонските изјави на Зијадин Села, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода. Овој човек продолжува свесно Македонија да ја турка кон федерализација, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ и Заев за да се спаселе од „криминалите прифаќаат: двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата.
- Аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогениот СДС се главен поттикнувач на „олемо албанските“ апетити во Македонија и во регионот. Македонскиот народ одамна ги прочита криминалците од СДС и секој ден излегува и им порачува дека местото им е во затвор. Македонија нема да стане бинационална држава само за да се спаси СДС од затвор, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Франција без Мбапе во Лигата на нации
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија