ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски да каже дали брат му и неговата фирма се вмешани во шверцот на 5 камиони на тутун
Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи.
Како тогаш 5 камиони тутун влегле во Македонија?
Ова не може да биде само пропуст на дежурните цариници.
За 5 камиони со нелегален тутун да поминат граница потреба е огромна логистика, а таа логистика може да ја обезбеди само врвот на власта.
Газдата на Студенац Шпед е близок пријател на братот на Љупчо Николовски.
Дали Љупчо Николовски влијаел да се увозе нелегалниот тутун во Македонија?
И дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун?
Зошто и после една година откако е увезен тутунот, а истиот е увезен нелегално нема постапка од страна на ЈО?
Луѓе одат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцаат пет камиони тутун и се шетаат на слобода.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите