ВМРО-ДПМНЕ: Лични карти не се издаваат повеќе од 20 дена
МВР на Спасовски е нефункционално, лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена.
Граѓаните за лична карта чекаат и повеќе од месец дена, а во последните 20 дена не е издадена ниту една лична карта. Ова е дебакл на системот за кој виновна е власта.
Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.
Кој ќе одговара и дали воопшто некој ќе понесе одговорност затоа што се крши законот? Уште поважно кој ќе им ја надомести штетата на граѓаните кои не можат слободно да стапат во правен промет затоа што системот не е способен да им издаде лична карта согласно законски утврдениот рок?
Власта ги става граѓаните во голем ризик, но и во голема штета.
Една од потребите за постоење на организирана власт е и обврската да им пружа услуги на граѓаните. Со Заев и Спасовски власта не го исполнува и овој услов за свое постоење. Заев и Спасовски целосно потфрлија и за тоа треба да има одговорност.
Време е неспособните да си одат. Време е за Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок