ВМРО-ДПМНЕ: Компании на Анѓушев добиваат грантови од стотици илјади евра
Зоран Заев и СДСМ за само десетина дена се фатени како крадат 45 милиони евра, пари на граѓаните. Цели 35 милиони евра од здравство и уште 10,5 милиони од фондот за иновации завршуваат кај партиски донатори, функционери или млади момчиња кои треба да ги сокријат вистинските моќници.
Компании на вицепремиерот и други функционери од власта добиваат грантови од стотици илјади евра, додека Заев ги распродава националните интереси.
Десетици милиони евра се делат на фирма формирана пред четири месеци, која како прва зделка добива тригодишен монопол на лабораториските испитувања. Министерот Филипче се колне дека не знаел каде ќе плаќа 35 милиони евра, додека Заев смислува манипулации за да добие поддршка за неговото прифаќање на грчките црвени линии.
Овие луѓе ни ја водат државата!
Нив не ги интересираат животот и стандардот на граѓаните на Република Македонија туку парите, тендерите, матните бизниси, профитот и личното богатење.
Наместо да се приближуваме со стандардите и реформите до Европската Унија и НАТО, Македонија се повеќе и повеќе тоне и се доближува кон земјите од третиот свет.
Сметката за оваа неспособност, алчност и расипништво секогаш на крај ја плаќа народот.
СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов.
Додека од една страна ја економски ја пустошат Република Македонија од друга страна Заев и владејачкото мнозинство со сите сили настојуваат да го реализираат штетниот и капитулантски договор со Грција.
Нив не ги интересира ниту Устав, ниту закони, а најмалку достоинството на Македонија и македонските граѓани
Со капитулантскиот договор се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура а во ниту еден случај не се гарантира македонскиот идентитет.
Огромното мнозинство на граѓаните на Република Македонија даваат поддршка на европските и западни вредности, но не ги поддржуваат катастрофални политики водени од Зоран Заев.
Правдата и сигурноста мора да се вратат во Република Македонија.
Сите оние кои сега ги кршат законите и Уставот ќе одговараат затоа што тоа е единствената и исправна работа која мора да се направи.
Законите мора да важат подеднакво за сите.
Одговорност мора и ќе има, кога правдата ќе се врати. Македонија ќе победи, стои во соопштението испратено од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала