ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка на РКЕ во Комисијата за финансирање и буџет
ВМРО-ДПМНЕ, вечерва по трет пат го подигна гласот за против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за поскапување на струјата за 7,4 проценти.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва пред седиштето на РКЕ во центарот на Скопје, изјави дека Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4 проценти со што директно удира врз стандардот на граѓаните.
– Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови одбегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за ова нерационална одлука. Регулаторната комисија е само обична маша во раце на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат а целта е јасна, да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компани со пари од џебот на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза, рече Јанушев.
На ова надзорна расправа ВМРО-ДПМНЕ, како што најави генералниот секретар на ова партија ќе побара да се разгледа начинот на работа РКЕ, но и начинот на кој се носат овие штетни одлуки по стандардот на граѓаните.
– ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека ова комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата Марко Бислимовски, е член на СДСМ, дел од партиското на раководство кој е сликан на партиски настани, во партиски простори, кој сега на јавноста и се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација, која народот скапо ја чини, истакна Јанушев
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска