ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Струмица гас“ работи во корист на Заев
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение наведува дека „СДСМ е во очекувана паника отако криминалите на Зоран Заев започнале се повеќе да излегуваат на површина“, посочувајќи на работењето на ЈП „Струмица гас“ од Струмица за што е оформен предмет во Јавното обвинителство.
- Јавноста дозна за тендерите на јавното претпријатие „Струмица гас“ со кои Зоран Заев го полнеше со пари неговиот сопартиец Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика. Човек фирма, без имот и средства, регистрирана во куќа на неговата сопруга ги добива тендерите на „Струмица гас“, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, само со последниот тендер од 2016 година е направена штета од 700.000 евра, пари на граѓаните кои, посочуваат, завршиле во џебовите на Заев и неговите партиски пајташи.
- Јасно како ден е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку единствено во корист на криминалната тендерска мрежа од која се богатат Зоран Заев и неговите партнери. Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете