ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг годинава ќе биде скоро 64 отсто
Околу 8 милијарди евра или близу 64% ќе достигне јавниот долг годинава, согласно проекциите на министерството за финансии во Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра. Владата веќе тргна да им ги наплатува овие пари преку „зелени“ такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите.
Над 8 и пол милијарди евра Владата планира да го качи јавниот долг догодина. Тоа се 66% од БДП. Тоа се 6 процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна владата на СДСМ во 2017 година. Изминативе години освен редовните аукции на Министерството за финансии, кредити кај домашните банки и меѓународните финансиски институции, се земаа и еврообврзници по рекордни суми.
Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари. Капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20% за половина година. За сметка на тоа, секојдневно читаме за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта.
Во очекување на објавата на редовните податоци на министерството за финансии на 30 јули 2021, прашуваме на што ги потрошивте парите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар