Македонија
18. November 2022 - 16:37

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува листата на “паразити“, СДСМ тврди дека и Мицкоски бил “паразит“

Финансискиот директор во Македонска навигација граѓаните го плаќаат 3.000 евра месечно. Тројцата директори на навигација месечно за плати земаат речи си 13.000 евра, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ во продолжението на аферата паразити во која објави уште неколку функционери кои земаат плата а чија работа како што велат никој не може да ја види

И Мицкоски е паразит, врати владејчката СДСМ во првата партиска реакција за оваа тема.

Опозицијата од почетокот на неделата објавува имиња на функционери кои ги именува владата и кои ги плаќаме по неколку просечни плати месечно во време кога извршната власт упатува пораки до граѓаните да штедат. Премиерот најави дека проблемот ќе го решава со нов закон за плати но се уште не се знае кога ќе се случи тоа.