Македонија
8. October 2020 - 12:39

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК потврди дека Македонија со СДСМ се уназади

Извештајот на ЕК е уште една потврда за лошите политики на СДСМ.

Извештајот на ЕК се задржува на корупцијата. Во извештајот се забележува дека корупцијата е распространета во многу области. СДСМ ништо не направи за да ја намали корупцијата, напротив ја зголеми.

Извештајот на ЕК предизвикува загриженост и треба да се ограничи зголемувањето на употребата на брзи постапки при донесување законите во Собранието. Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати за носење закони за фабрики за марихуана, а и за правосудството.

Извештајот на ЕК нагласува дека во Македонија е умерено подготвена со реформата на својата јавна администрација, како и дека судскиот систем има одредено ниво на подготовка односно е умерено подготвен.

Македонија со СДСМ наместо напредок единствено доби уназадување.

Ново на Сител