ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател
Во Домот на културата во Валандово денеска од 11 часот ќе продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски.
Синоќа, на првиот ден од работата на највисокиот партиски орган присусустваа 411 од вкупно запишаните 544 делегати со што беше исполнет статутарниот услов за работа на Конгресот.
Согласно дневниот ред од 16 точки, денеска меѓудругото треба да има обраќање претседателот во оставка Груевски, а потоа ќе биде презентирана програмата на единствениот кандидат за претседател Христијан Мицковски, кој ја извршуваше функцијата генерален секретар на партијата.
За да биде избран за претседател, Мицковски треба да има мнозинство од вкупниот број делегати. Тогаш, согласно конгресната агенда, Мицкоски ќе има обраќање пред делегатите.
Синоќа, пред почетокот на конгресот, Мицковски рече дека им подава рака на неговите партиски неистомисленици, меѓу кои и Илија Димовски и Антонијо Милошевски, кои не присуствуваа на когресот, а чија иницијатива за одлагање на конгресот и бирање колективно раководство, не беше прифатена.
- Во периодот што претстои не само што има подадена рака, туку и прегратката е отворена и за сите добронамерници и граѓани на кои политките на ВМРО-ДПМНЕ им се блиски да помогнат затоа што сведоци сме последниве седум месеци е период на закани, уцени на Владата предводена од СДСМ, а мене лично ме загрижува безидејноста во насоките каде оди државата, рече Мицковски.
Тој очекува лојалност од пратениците кои застанаа зад иницијативата, што, според него, е потврдено со нивното присуство на конгресот.
Претседателот во оставка, Груевски, исто пред почетокот на конгресот, кратко изјави дека, очекува транспарентен и коректен конгрес.
- Треба да се донесат мудри и рационални одлуки и потоа треба да се насочиме кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа е рушење на нашиот политички опонент СДСМ. Верувам дека работите ќе одат во добар правец, рече Груевски.
Делегатите треба да го разгледаат и Извештајот за финансиско-материјалното работење 2015-2017. Синоќа, зад затворени врати делегатите разговараа за актуелната состојба на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците