ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани 48 милиони евра за реконструкција на пруги и нови вагони и патнички возови
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи 25 милиони евра само за набавка на шест нови патнички возови, како и дополнителни 15 милиони евра за набавка на нови 150 товарни вагони. Во тек е набавка и на три нови локомотиви, инвестиција од седум милиони евра, се наведува во партиското соопштение како реакција на денешната изјава на Благој Бочварски од СДСМ.
СДСМ лаже и манипулира, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и заборави да потсети и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така им ги исплати сите заостанати плати на вработените што СДСМ им ги украде.
- Во изминатите години Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше околу 48 милиони евра за реконструкција на пругите на Коридор 10 како и за набавка на нови товарни вагони и нови патнички возови. Дополнително се модернизираше железничката станица во Скопје. Во тек се инвестиции во висина од над 80 милиони евра за изградба на нови пруги кон Бугарија и Грција, реконструкција на една делница на Коридор 10, како и реконструкција на 10 железнички станици на истиот Коридор. Се гради пругата кон Бугарија, првата делница од Куманово до Бељаковце, инвестиција од 40 милиони евра. Набргу ќе започне да се гради и втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, инвестиција од 147 милиони евра. Во тек е проектирањето на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, се гради пругата од Битола до границата со Грција, инвестиција од 19 милиони евра, се реконструира пругата од Ногаевци до Неготино, инвестиција од 9,4 милиони евра, а во тек е и проектирање на нова пруга од Кичево до границата со Албанија и дополнително на еден крак до Охрид, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, стои во соопштението, знае само да лаже и манипулира за да се обиде да ја сокрие својата непсособност, но невозможно е да се сокрие. - За граѓаните СДСМ е прочитана книга. Затоа го чуваат во опозиција цела деценија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора